Како да ја користите FaceTime

Научете како да вршите видеоповици помеѓу компјутери Apple, паметни телефони и таблети со апликацијата FaceTime.

Што е FaceTime?

FaceTime е апликација (app) со која вршите видео и говорни повици преку интернет. Одлична е за бидете во контакт ако вие, вашите пријатели и семејството користите уреди Apple.

FaceTime е достапна на уреди изработени од Apple Computer, како што се iPhones, iPads и компјутерите Mac. Таа е веќе инсталирана на тие уреди, па не треба да ја преземате или инсталирате.

Снимка од екран од играта Пасијанс

Колку чинат видеоповиците со FaceTime?

Кога имате домашен пакет за податоци или пакет за мобилни податоци, вршењето видеоповици со други лица кои ја имаат FaceTime е бесплатно. Можете да зборувате онолку долго колку што сакате без да плаќате повеќе од редовната месечна претплата.

Бидете внимателни кога вршите видеоповици преку iPhone со мобилни податоци, бидејќи надминувањето на месечниот пакет мобилни податоци може да чини дополнителни пари. Кога е можно, вршете видеоповици преку FaceTime користејќи ја домашната Wi-Fi врска.

Како работи FaceTime

FaceTime ви овозможува да вршите видеоповици со луѓето кои се наоѓаат во именикот на вашиот iPhone, iPad или компјутерот Apple. Можете да се јавите секому што се наоѓа во именикот кој исто така има FaceTime.

Кога со разговарате со некого, ќе го гледате лицето на соговорникот на екранот. Вашето лице ќе се гледа на еден мал екран, па така ќе знаете како ве гледа соговорникот.

Контакти во FaceTime

За разлика од други апликации за видеоповици, FaceTime нема сопствен именик. Наместо свој именик, го користи постоечкиот телефонски и поштенски именик со контакти од вашиот телефон, таблет или компјутер.

На пример, вие веројатно имате именик со контакти на вашиот iPhone, за да можете да им се јавувате на луѓето кои ги познавате. FaceTime може автоматски да препознае кои од тие луѓе ја имаат FaceTime. Ако некој од нив ја има FaceTime, можете да му/ѝ се јавите.

Како да додадете контакт

Бидејќи FaceTime го користи вашиот постоечки именик, можете да додадете некој контакт од FaceTime на истиот начин на кој би го додале секој друг контакт:

  1. на iPhone, допрете го копчето Телефон (Phone) на Почетниот (Home) екран. Потоа, допрете на Контакти (Contacts) и на копчето + за да додадете нов контакт.
  2. на iPad, допрете на иконата на апликацијата Контакти (Contacts) на Почетниот (Home) екран. Потоа, допрете го копчето + за да додадете контакт.
  3. на компјутер Apple, кликнете на иконата Контакти (Contacts) што се наоѓа во Докот (Dock) во долниот дел на екранот. Потоа кликнете на знакот плус (plus) (+) за да додадете нов контакт.

FaceTime

За да почнете видеоповик со FaceTime на iPad, следете ги следните чекори:

  1. Допрете ја иконата на апликацијата FaceTime (FaceTime app) на Почетниот екран за да ја стартувате апликацијата.
  2. Допрете ја Лентата за пребарување (Search bar), па потоа внесете го името на лицето кое сакате да го повикате на тастатурата на екран. FaceTime го пребарува вашиот именик за да го најде името што го барате.
  3. Ако тоа лице има FaceTime, до неговото име ќе се појави знак на видео-камера (video camera). Допрете го името за да почнете видеоповик.
  4. Таблетот на другото лице ќе заѕвони. Лицето може да го допре зеленото копче за одговор (green answer) за да го прифати повикот.
  5. Како и повеќето апликации за видеоповици, FaceTime го покажува лицето на соговорникот на целиот екран, а вашето во еден мал екран.
  6. Кога ќе го завршите повикот, допрете го црвеното копче за завршување на разговор (red end call button).
  7. За време на повикот можете да го исклучите звукот од вашиот микрофон со допирање на копчето за микрофон (microphone). Допрете го повторно за да го вклучите повторно микрофонот.
  8. Исто така, можете да го исклучите видеото од камерата со притискање на копчето Дома (Home). Ова ќе ве префрли на Почетниот екран (Home screen) и вашата камера ќе се исклучи. Допрете ја лентата Допри за да продолжиш со FaceTime (Touch to resume FaceTime) на екранот за да се вратите во повикот.

Вршењето повик со FaceTime на компјутер Apple или на iPhone е многу слично.

Време е за FaceTime

FaceTime е дизајнирана да се употребува лесно. Можете да вршите повици со едноставно допирање или кликнување копчето FaceTime (FaceTime button) кога пребарувате некој контакт во именикот. Едноставно изберете го лицето со коешто сакате да зборувате, допрете или кликнете на копчето FaceTime и зборувајте слободно!